Бисерот што ја скрши школката

Издавач: Топер | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: The pearl that broke its shell | Бр. на страни: 490 | Димензии: / | Корица: мека

Кабул 2007 година Покрај таткото зависник од дрога, Рахима и нејзините сестри само повремено можат да одат на училиште, а од дома излегуваат многу ретко. Единствената нивна надеж се наоѓа во древниот обичај наречен бача-пош, што ќе ѝ овозможи на младата Рахима да се облекува како момче и да биде така третирана сè додека не стигне до годините за мажење. Како син, смее да се образува, да оди на пазар, да ги чува и да ги надгледува постарите сестри. Но, Рахима не е првата во своето семејство што прибегнала кон тој несекојдневен обичај. Еден век претходно, нејзината прабаба Шекиба, останувајќи сираче, се спасила и изградила нов живот на истиот тој начин. Пловејќи низ времето, Бисерот што ја скрши својата школка ги испреплетува приказните на овие две жени кои, иако разделени од еден цел век, имаат слични судбини. Но, што ќе се случи кога ќе дојде време Рахима да се омажи? Дали Шекиба целиот живот живеела како машко? Како Рахима ќе преживее ако не успее да се приспособи на животот како мажена жена? Оваа моќна приказна за беспомошноста, судбината и слободата за управување со сопствениот живот ги спојува во себе културните бои и емоционалните одеци на Халед Хосеини и Лиса Си. „Надија Хашими на читателите им подарува одлично напишана проза, полна со искреност проткаена со восхит и почит. Таа се служи со историска нарација и благодарение токму на семејните преданија, современата жена ја учи како и кога да ја скрши својата школка“. - Historical Novel Society

Цена: 420 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Топер

Report an abuse for product Бисерот што ја скрши школката

Категорија:
ИСБН: 978-608-208-581-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Бисерот што ја скрши школката”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in