Ботаника на желбата: Поглед на светот низ призмата на растението

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: The Botany of Desire: A Plant's Eye View of the World | Бр. на страни: 304 | Димензии: 132x202 | Корица: /

Авторот Мајкл Полан предава пишување на Факултетот за новинарство при Универзитетот „Беркли“ од Калифорнија. Воедно пишува статии за угледниот магазин „Њујорк тајмс“ и добитник е на многубројни награди и признанија за својата новинарска и писателска работа. Читајќи ги неговите дела, може да бидете уверени дека ќе почнете да размислувате на начин на којшто никогаш претходно не сте размислувале.
Четирите растенија чиишто приказни ги обработува оваа книга се оние што ги нарекуваме припитомени. Ние, луѓето, автоматски помислуваме дека припитомувањето е нешто што им го правиме на другите видови, а, всушност, факт е дека тие се оние што ни наметнале една умна стратегија за нивно напредување и остварување на нивните интереси. Растенијата се алхемичари на природата, експерти за трансформирање на водата, почвата и на светлината во многу скапоцени супстанции. Додека ние се справувавме со свеста и учевме да се движиме на две нозе, растенијата ја создадоа фотосинтезата и ја усовршија органската хемија.
Четирите човечки желби што се обработени во оваа книга се желбите за благо, убавина, труење и за контрола. За овие четири желби учиме преку јаболкото, лалето, канабисот (марихуаната) и компирот. Врската меѓу тие желби и овие растенија е дадена во вид на една поинаква приказна за човекот и за природата. Да се гледаат овие растенија во една заедничка и интимна врска со нас значи да се гледаме поразлично и ние самите.
Ако сакате да ги менувате нештата, ако имате авантуристички дух и сте подготвени за нови предизвици, имате пред вас една навистина добра алатка за остварување на сето тоа.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 590 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Ботаника на желбата: Поглед на светот низ призмата на растението

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-154-3

1 оценка за Ботаника на желбата: Поглед на светот низ призмата на растението

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in