Брида

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2008
Оригинален наслов: Brida | Бр. на страни: 264 | Димензии: 112 x 180 | Корица: мека

Како можам да ја препознаам мојата друга половина? “„Со изложување на ризик“, и одговори на Брида, „ризик од неуспех, измами и разочарувања, но никогаш откажување од потрагата по љубовта. Оној кој нема да се откаже од потрагата, на крајот победува.“Ова е приказна за Брида, млада и убава Ирка, и за нејзината потрага по спознанието на светот. На тоа духовно патување, таа ги запознава мудрецот што ја учи како да ги совлада своите стравови, и жената што ја учи да танцува наслушувајќи ја скриената музика на светот. Тие ја препознаваат надареноста на Брида, но мораат да ја остават сама да дојде до крајот на откритието.Додека трага по својата судбина, Брида се обидува, со многу тешкотии, да најде рамнотежа меѓу љубовта и желбата да се промени.Брида е трогателна приказна за љубовта, за мистериите и храброста, за духовната страна на еросот и еротичната страна на духовноста.Белешка на авторот: Во Брида, мојот трет роман кој го напишав веднаш после Алхемичарот, раскажувам приказна за млада жена која се впушта во светот на магијата и се запознава со магиските традиции. Во него изтражувам многу теми кои ми прираснаа до срце, вклучувајќи ја Големата мајка, паганските верувања и поимањето на љубовта.Кога ја напишав и објавив оваа книга во Бразил пред повеќе од 18 години, темите како женскиот лик на Бог за повеќето луѓе сеуште беа туѓи. Но, и покрај тоа, со време ја увидов промената во сфаќањето - луѓето станаа поотворени за интуитивно восприемање на светот и се помалку оптоварени со крутите општествени правила, бидејќи како што напишав во оваа книга „највозвишеното доживување кое човекот може да го искуси е прифаќање на мистеријата“.Чувствувам дека светот се повеќе ја прифаќа мистеријата и затоа, драги читатели, во денешно време ви ја претставувам приказната за таа млада жена.Пауло Коелјо
Рангирано 4 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(3 оценки на корисници)

Цена: 430 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Брида

Категорија:
ИСБН: 978-9989-187-58-2

3 оценки за Брида

  1. Rated 2 out of 5

    Ристо Пејков (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in