Броеница

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Считалка | Бр. на страни: 96 | Димензии: 21 | Корица: /

Романот „Броеница“ изразува протест против секоја војна, каде и да се води. Тамта Мелашвили во својот роман успева без експлозии и истрели, сурово и како гола вистина да го претстави најсуровиот лик – војната. Таа раскажува за болката со болка, за нежноста со нежност, за стравот со детскиот страв и доловува еден руиниран и расплакан живот полн со болка и страдање, но ги доловува и детската итрина и храброст. Оваа згусната и преполна со емоции проза на Тамта Мелашвили, која е сведена само на стотина страници, покажува дека за впечатлива приказна не се потребни големи фабули, заплети и многу ликови. Раскажувањето во „Броеница“ е сведено на најпотребното и се одвива преку дијалогот на две тринаесетгодишни девојчиња, Нинцо и Кнапа (чиешто вистинско име е Кетевана) кои се неразделни другарки. Тие живеат во зафрлено грузиско село и нивниот тинејџерски свет и будењето на женственоста се соочени со слепата суровост на војната. Нивните дијалози се карактеризираат со директност и вистина, длабочина, наивност и со детска искреност, а преку нив се разоткриваат тешките депресивни и драматични слики на војната, но и целата нејзина трагичност и бесмисленост.

Цена: 150 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Броеница

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-141-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Броеница”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in