Чекајќи го Годо

Издавач: ФЕНИКС | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Waiting for Godot | Бр. на страни: 105 | Димензии: 210х148 | Корица: мека

Првата изведба на драмата Чекајќи го Годо во 1953 година го означува раѓањето на новиот правец во драмската уметност познат како театар на апсурдот. Станува збор за драмски текст што изврши извонредно силно влијание во уметноста од втората половина на XX век, давајќи совршен драмски израз на чувството на апсурдност во современиот свет. Основата на драмата е чекањето, очекувањето. Двата главни ликови кои изгледаат како бездомници, Владимир и Естрагон, го чекаат оној што е именуван како Годо. Во таа состојба на чекање сè се сведува на пополнување на времето. Иако, всушност, ништо не се случува, тоа недејство е исполнето со придушена нелагодност и неодредена закана, закана од непознатото, од кое ликовите стравуваат, но едновремено и посакуваат да се случи. Чекањето подразбира пасивност. Но таа пасивност е многу сложена и на физичко и на психолошко ниво. Како и егзистенцијалистичкиот очај кој е некогаш притаен, некогаш отворен, и психолошкото измачување насочено кон другиот лик е некогаш притаено, некогаш отворено, а често добива и форма на рамнодушност. Чекајќи го Годо останува една од најмагичните и најдобри алегории за нашето време.
Рангирано 4 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 189 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач ФЕНИКС

Report an abuse for product Чекајќи го Годо

Категорија:
ИСБН: 978-9989-33-493-1

2 оценки за Чекајќи го Годо

  1. Rated 3 out of 5

    radmila stefanovska (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Aleksandar Petkovski (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in