Чекајќи ја опашестата

Издавач: алманах | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Kuyruklu Yıldızın Altında İzdivaç | Бр. на страни: 217 | Димензии: 21х13,5 | Корица: /

Хусеин Рахми Ѓурпинар е роден во Истанбул во 1864 г., а починал во 1944 г. на островот Хејбелиада во близина на Истанбул. Со опус од повеќе од 40 романи тој спаѓа во најпознатите турски романсиери од крајот на 19-от и почетокот на 20 в. Неговите дела се одличен одраз на времето на промените во кое самиот живеел и во кое во турското општество почнале да навлегуваат западните вредности. Ѓурпинар пишувал под влијание и на западната литература и на турското народно творештво. Во своите дела ги опишува општествените разлики, односите меѓу мажот и жената и секојдневниот живот во Истанбул. Јунаците на неговите книги се шерети, контиња, госпоѓи, маалски жени, паши, службеници, имами и еснафи. „Чекајќи ја Опашестата“ е хумористично-романтична приказна за еден млад, богат и школуван господин по име Ирфан Галип, кој ги презира жените и се подбива со нив држејќи им предавања во кои крева лажна паника дека Халеевата комета ќе ја погоди Земјата. Но една непозната девојка ќе го воодушеви со своите писма во кои го изнесува своето мислење околу кометата. Токму тие писма ќе бидат причина Ирфан да се вљуби во неа уште пред да ја види. Романсата завршува со венчавка помеѓу Ирфан и девојката токму на денот кога се појавува Халеевата комета, која спротивно на стравувањата дека ќе ја погоди Земјата и ќе предизвика општа катастрофа, само поминува покрај неа.

Цена: 320 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Чекајќи ја опашестата

Категорија:
ИСБН: 978-608-4794-29-5

Questions and Answers

You are not logged in