Преглед на кошничка “Снеговите на Килиманџаро и други приказни” e додадена во Вашата кошничката

Четири години во планините на Курдистан

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Four Years in the Mountains ofKurdistan: An Armenian Boy's Memoir of Survival | Бр. на страни: 336 | Димензии: 21 | Корица: тврда

„Четири години во планините на Курдистан (1915-1919) – Мемоарите на преживувањето на едно ерменско дете“ е ретко и инспиративно лично сведоштво за едно потресно поглавје од историјата. Извонреден приказ за влегувањето во светот на возрасните и приказна за опстанокот на еден ерменски тинејџер принуден да живее во племенска култура меѓу курдските селани и турските бегови.

Ерменецот Арам Хајгаз имал само 15 години кога ги загубил татко си, браќата, многу роднини и соседи. Сите биле убиени или починале од глад кога отоманските војници го ставиле нивното село под едномесечна опсада.

При депортацијата на Ерменците, Арам и мајка му биле принудени да пешачат низ сириската пустина без храна, вода и засолниште како дел од системското уништување на христијанското ерменско население во 1915 година.

Мајка му го поддржала да премине во ислам за да преживее. На четвртиот ден од маршот еден Турчин се согласил да го земе овој млад преобратеник во своето домаќинство. Тој се издигнал од „неверник“ до доверлив секретар, единствениот што знаел да чита и пишува во племето што го прифатило.

Арам поминал четири долги години живеејќи како роб, слуга и овчар меѓу курдските племиња, полека стекнувајќи ја довербата на своите киднапери. Во текот на овие години тој израснал од момче во маж и неговата приказна им нуди на читателите извонреден приказ за влегувањето во светот на возрасните и вредно историско сведоштво.

Хајгаз успеал да побегне од заложништвото во САД во 1921 година.

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Четири години во планините на Курдистан

Категории: ,
ИСБН: 978-608-243-519-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Четири години во планините на Курдистан”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in