Четврток

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Четвъртък | Бр. на страни: 272 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Романот ни ги открива животите на четири жени во современа Бугарија. Таткото на дебелото девојче Симона, не знае да пишува на бугарски, но владее над целиот регион, продавајќи им на луѓето облека на старо, лош алкохол, телевизори, кондоми, метални конструкции, сè. Вистински дилер од транзицијата. Но има силна конкуренција, која се погрижува да биде застрелан пред неговиот дом. Ќерката ја наследува „империјата“ од кафеани, млекарници, долгови, со кои раководи со иста жестина како и таткото, претворајќи го населението од цел град во свои закрепостени селани. Ова е дело за упорноста на човековиот дух да се справи и да оддолее во моралната Сахара. Ова е роман за уништувачката моќ на парите, роман за гладот и роман за љубовта која, наспроти сè – предавства и поткупи – останува жива. Ова е роман за надежта, за тоа дека современа Бугарија бавно и тешко, но сепак се одвојува од црната слика на насилството, корупцијата, на понижувањето, за да се придвижи кон похумани денови.  
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 240 ден

0 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Четврток

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-033-1

Questions and Answers

You are not logged in