Човекот по име Уве

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: En man som heter Ove | Бр. на страни: 352 | Димензии: 13x20 | Корица: /

Запознајте го Уве, 59-годишен вдовец. Тагата по неговата сакана го тера секој ден да ја посакува сопствената смрт. Уве е еден од оние што покажуваат со прст во луѓе што не им се допаѓаат. Секое утро врши инспекција по населбата во која живее. Ги преместува велосипедите и проверува дали ѓубрето е правилно селектирано – иако веќе поминале неколку години откако е разрешен од должноста претседател на здружението на станари. Вечно гневен и незадоволен, лесно избувлив, накратко: сосед од кошмарите. Меѓутоа, зад неговата мрзоволност, педантерија и железна принципиелност се крие една многу тажна судбина... И така, еден ноемвриски ден, кога соседот што се вселува во соседната куќа случајно го уништува поштенското сандаче на Уве, одеднаш почнува комично топлата приказна. Приказна што суштински ќе промени еден човек и едно соседско здружување. Ова е роман за влијанието на еден човечки живот врз безброј други. Истоимениот филм во 2017 година беше номиниран за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Цена: 450 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Човекот по име Уве

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-309-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Човекот по име Уве”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in