Дијалектолошки анализи

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Дијалектолошки анализи | Бр. на страни: 196 | Димензии: 20 см | Корица: /

Книгата, содржи десет прилози за македонските говори – за кичевскиот, скопскиот, радовишкиот, беровскиот, мегленскиот, ениџевардарскиот, кукушкиот, чифлиџичкиот, кулскиот и кривопаланечкиот.

Авторот наведува дека анализираните дела се единствени од тој вид во македонската наука за јазикот, а написите за нив се објавувани во периодика во текот на три децении.

-Заедничка нишка што ги поврзува сите написи е потврдата за посебноста на македонскиот јазик. Оценките за анализираните студии во овој македонистички труд го докажуваат единството на македонскиот дијалектен систем различен од дијалектните системи на другите јазици, се посочува во соопштението на Дрвошанов.

Автори на разгледуваните книги се македонските научници-дијалектолози: Веселинка Лаброска, Гоце Цветановски, Стојка Бојковска, Илија Бетински, Максим Каранфиловски, Коста Пеев, Светлана Давкова-Ѓоргиева и Еленка Стоевска-Денчова.

Цена: 400 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Дијалектолошки анализи

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-253-151-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Дијалектолошки анализи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in