Димензии на бајките (Мрак и светлина)

Издавач: Авант Прес | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Димензии на бајките (Мрак и светлина) | Бр. на страни: 176 | Димензии: 25 | Корица: /

Фрчкоска прави пресек на теориите за потеклото, структурата и проникнувањето на бајките во фолклорното творештво преку современието, главно низ психоаналитиките толкувања и родовите перспективи на авторите како Владимир Проп, Жак Лакан, Јулија Кристева, Сандра Ли Бартки, Славој Жижек до современата инструментализацијата на фантазмот на бајката како средство за идеолошко спознавање. „Бајките се есенција на современието. Тие се негова културолошка кристализација стокмена низ археликовите на принцези, принцови, омразени ќерки и истерани синови, џуџиња змејови или, денеска, нивните современи варијанти. Како литераризирани идеолошки приказни, преку теми за субјектот кој го препознава своето место во социјалните релации, едуцираат за правилата и општествената улога. Бајковниот фантазам денес, во контекст на идеолошкото толкување на реалноста, е подложен на неограничени избори и нови трансформации. Во ваков контекст тој сепак ги задржува и двете контроверзни тензии: да еманципира или да конзервира. Неговата употреба лежи во одлуката за тоа кој аспект ќе се презентира во образовниот и медумски сегмент што, секако, е политичка одлука. Со тоа се потврдува и нагласува важноста на улога на бајката во образовниот процес на децата, интегритетот на нивната личност и вредности кои ги восприемаат. Текстот поминува низ тие волшебни метаморфози на ликовите и наративите и се обидува да ги долови логиката и опциите на еманципаторските, конзервативните па и експерименталните трансформации“

Цена: 300 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Авант Прес

Report an abuse for product Димензии на бајките (Мрак и светлина)

Категорија:
ИСБН: 978-608-4823-21-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Димензии на бајките (Мрак и светлина)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in