Диссомнии

Издавач: издавачка куќа Муза | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Диссомнии | Бр. на страни: 239 | Димензии: 20X13 | Корица: /

Непредвидлива, мистична, на моменти морничава, но и исклучително топла исповед на еден 29-годишен писател. Писателот потекнува од Македонија, живее во Украина со својата свршеничка, новинарката Настја. И навидум сѐ е в ред со нивната љубовна врска: различни се, но одлично си се надополнуваат. Македонскиот живот на писателот е длабоко закопан во минатото, заедно со стравичната семејна трагедија. Една јануарска ноќ во 2014 година писателот добива порака од непозната девојка од Македонија. Од тој момент започнува да се лула „украинскиот брод“, кој десет години претходно се покажал како спасоносен. Дејството во вториот дел од романот се сели во испустено село во југозападна Македонија. Радио-емисијата Диссомнии и неочекуваните елементи од македонската народна митологија го префрлаат животот на писателот во нова димензија. Но, тука е Настја, која сосема ненадејно доаѓа во Македонија, за да претставува единствена сигурна нишка со реалниот свет. Или не? Диссомнии е политички, љубовен, фантастичен, хорор, интригантен… интелигентен роман со богато сиже и вешта фабула, со напнатост, неизвесност, непредвидливост, лукави перипетии и маестрални подведувања на читателот под вештата раскажувачка стратегија на авторот“ (О. Ќорвезироска).

Цена: 350 ден

100 на залиха

Спореди
Продавач Издавачка Куќа Муза

Report an abuse for product Диссомнии

Категории: , , ,
ИСБН: 978-608-4906-07-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Диссомнии”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in