Дистрибуирани Системи: Принципи и Парадигми

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Distributed Systems: Principles and Paradigms | Бр. на страни: 667 | Димензии: 165x243 | Корица: /

Книгата е поделена на два дела: од поглавје 2 до поглавје 9 се обработени принципите на дистрибуираните системи, додека развивањето на нивните апликации (парадигмите) се обработува од поглавје 10 до поглавје 13. За целосно објаснување на потребата од дистрибуирани системи се извлечени многу нови примери од практиката, со што дополнително се зголемува интересот за овие системи. Во ова второ издание има многу новитети меѓу кои:

-       сосема ново поглавје за архитектурите кај дистрибуираните системи кое покрива системска и софтверска архитектура, како и самоуправувачки системи

-       поголема покриеност на партнерските системи со основните техники и нивните примени

-          нов материјал за грид-пресметување и за веб-сервиси

-          нов материјал за виртуелизацијата и нејзината улога кај овие системи

-          материјали за базирани системи GPS

-          проширување на поглавјата за парадигмите

Авторот Ендру С. Таненбаум е професор по компјутерски науки на Универзитетот „Врије“ – Холандија и научен директор на Данскиот факултет ASCI. Член е на IEEE и на ACM. Добитник е на наградата ACM „Карл В. Карстром“ за исклучителен едукатор. Сето ова е доволен доказ за квалитетот на оваа книга во која внимателно се разработени сите принципи и парадигми за дистрибуираните системи.
Мартин вен Стин
е професор по оперативни системи, компјутерски мрежи и дистрибуирани системи на Универзитетот „Врије“ – Холандија. Воедно, тој е предавач на курсеви за компјутерски системи наменети за професионалци од информатичката индустрија и од владините организации.
Само затоа што е можно, не мора да значи дека создавањето дистрибуирани системи е добра идеја. За сето тоа да стане корисно треба претходно да бидат исполнети одредени предуслови за кои дискутираат авторите во ова дело. Ако сакате да изградите корисен дистрибуиран систем, земете ја оваа книга во рака и отпочнете со градбата на системот!
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2990 ден

48 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Дистрибуирани Системи: Принципи и Парадигми

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-64-5

1 оценка за Дистрибуирани Системи: Принципи и Парадигми

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in