Дона Алба

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Donna Alba | Бр. на страни: 434 | Димензии: 21 | Корица: мека

Во споредба со Достоевски и Мопасан, романскиот писател Џиб Михаеску успеал да ги прекрши влијанијата на руските и на француските класици низ призмата на животот во Букурешт меѓу двете светски војни во дваесеттиот век. Тој вешто го води читателот низ улиците на магнетниот свет на декадентната и мистериозна романска престолнина за да ги открие неговите тајни и да раскаже модерна приказна за принцовите и просјаците. Ова е модерна урбана сторија за жените, парите и кариерите, сместена меѓу двете светски војни. Се смета за голем љубовен роман во романската литература меѓу двете светски војни, но тој е повеќе од љубовен роман.

Блескаво убавата принцеза Алба Ипсилант го привлекува вниманието на минувачите на декадентниот Букурешт. Животот на еден од нив ќе се промени засекогаш. Решен да се искачи високо во редовите на општеството, но и да ја открие романтиката на своето време, младиот Михаи Аспру е подготвен да биде како витезите од старите времиња и да прави големи дела во името на својата принцеза. Но, што значи тоа во светот на новите буржоаски односи во кои змејот што дише со оган го има обликот на мажот на принцезата? Одговорот на ова прашање не е ниту лесен ниту предвидлив...

Цена: 500 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Дона Алба

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-174-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Дона Алба”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in