Допир од далечина

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Touching from a distance | Бр. на страни: 348 | Димензии: 21 | Корица: мека

Ова е единствениот длабок и интимен биографски портрет на пејачот на „Joy Division“, напишан од неговата вдовица. Иан Кертис бил почитуван од неговите современици и зад себе оставил оставина што е богата со уметничка генијалност. Боно од „U2“ неговиот глас го опишал како „свет“ и идеализиран од неговите фанови.

Тој бил хипнотички изведувач на сцената, но бил и интровертен и подложен на ненадејни промени во расположението. Иан Кертис си го одзел животот на 18 мај 1980 година. „Допир од далечина“ го опишува неговиот живот од најраниот период, па до неговата прерана смрт, пред самиот почеток на првата турнеја на „Joy Division“ низ Америка. Книгата раскажува како тој, со сопруга, со дете и со меѓународна популарност, бил заведен од „славата на рана смрт“. Кои биле причините за неговата фасцинација со смртта? Дали неговите мрачни и отуѓени стихови биле израз на уметнички егзорцизам?

Во „Допир од далечина“, вдовицата на Кертис, Дебора, ја објаснува оваа драма во неговиот живот и трагедијата од неговата смрт. Во книгата се вклучени и листата на концертни настапи на бендот и сите стихови напишани од Кертис, од кои голем дел првпат се објавени тука. Македонското издание ги вклучува и преводите на сите стихови на Кертис.

Цена: 450 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Допир од далечина

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4780-74-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Допир од далечина”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in