Драми

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 400 | Димензии: 20 | Корица: мека

Хенрик Ибзен (1828 – 1906) е еден од најголемите драматурзи во светската книжевност. Тој е придвижник на модерниот европски театар кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Поетички многустран, со примеси на симболистички, натуралистички, дури и импресионистички елементи, а сепак силно препознатлив во својот впечатлив творечки формат, Ибзен станува неодминлива водечка фигура на европската литература. 

Книгата претставува избор од четири драми на Ибзен: „Куќата на една кукла“, „Столбови на општеството“, „Хеда Габлер“ и „Народен непријател“. Овие драми на брилијантен начин ги илустрираат суштинските белези на неговиот театар: реалистичен дијалог, истражување на општествените проблеми, претставувањето на внатрешниот живот на ликовите и нивните дејствија. Богати во својот симболизам, секоја од овие драми убедливо и провокативно се занимава со универзалните теми како што се алчноста, стравот, судирот меѓу половите, како и соочувањето на конфликтот меѓу реалноста и илузијата. 

Драмите на Ибзен остануваат во светската драмска ризница како скапоцени примероци. Водењето на дијалозите, вметнувањето на помали сцени во поголеми, просторната драматуршка концентрација, егзистенцијалистички разработените прашања за суштинската смисла на животот и за етичкиот избор со кој е соочен поединецот, го прават специфичен и голем автор. Иако сликата на општествената и семејна стварност денес се чинат малку изменети и посложени во споредба со оние од времето на Ибзен, внатрешните премрежиња на неговите ликови и денес ни се блиски и човечни.

Цена: 315 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Драми

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-422-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Драми”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in