Душокршачот

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Der Seelenbrecher | Бр. на страни: 270 | Димензии: / | Корица: мека

Тој не ги убива, не ги силува, не ги измачува… Неговото злосторство е многу, многу полошо. Три жени – млади, прекрасни, полни со живот – исчезнуваат без трага. На психопатот, кој медиумите го нарекуваат „Душокршачот“, му е потребна само една недела да ги уништи. До седмиот ден, жените се ментално мртви, како тела без душа. Никој не знае што им прави, но тие се како живи мртовци. Кратко пред Божиќ, Душокршачот повторно напаѓа, но овој пат во една ексклузивна психијатриска клиника. Докторите и пациентите се испаничуваат кога сфаќаат дека во клиниката е примен тежок, насилен психопат, особено затоа што никој не знае кој е тој. Од друга страна, страшна снежна бура тотално ја отсекува изолираната клиника, па сите остануваат заробени внатре – со нефункционални телефони – заедно со Душокршачот. Заробени во клиниката, вработените и пациентите се здружуваат за да се заштитат, но во една ноќ полна со незамислив терор, Душокршачот им покажува дека никој не е безбеден и дека ништо не е така како што изгледа. Уште едно ремек дело на Фицек, чиј крај никој нема да може да го предвиди.
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 420 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Душокршачот

Категорија:
ИСБН: 978-608-260-007-9

1 оценка за Душокршачот

  1. Rated 5 out of 5

    biskovski18@gmail.com

    Најдобрата од досега преведените на Фицек! Маестрално напишана, со тотално неочекуван – мајсторски осмислен пресврт на настаните. Се чувствував како да гледам психолошки хорор-трилер, кој цело време ме држеше на работ. Дефинитивно ја препорачувам за љубителите на мистериозните психо-трилери 🙂

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in