Дваесет скали и други раскази

Издавач: Бегемот | Јазик: македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Vinte degraus e outros contos | Бр. на страни: 133 | Димензии: 195x125 | Корица: мека

Хелија Кореја во збирката раскази „Дваесет скали и други раскази“ раскажува за низа чудни, сперливи, особено женски ликови заплеткани во гротескни и готски светови, каде што границите меѓу доброто и злото, реалното и надреалното, сакралното и световното, езотеричното и прагматичното, слободата и табуата, наизменично се прелеваат и се мешаат. Овие жени се маѓепсани, отуѓени, осамени, похотни, слободоумни, врежани и обележани со фатални премрежиња, оддалечени или во потрага по своите сништа и затекнати во секоја од овие приказни, како среде пат, речиси секогаш на крстопат со бурни и свирепи мажи, или маркантни жени што ја исцртуваат нивната трагедија. Нивните патишта се отворени и неодредени, и кај нив не се забележува нивниот почеток ни нивниот крај. Нарацијата е густа и набиена, ликовите се зрели и сложени, елементите на реалното вешто се прикриваат и се прелеваат во волшебното, окултното, магичното, вовлекувајќи го читателот во својот вител.

Цена: 200 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Дваесет скали и други раскази

Категорија:
ИСБН: 978-608-4718-96-3

Questions and Answers

You are not logged in