Еден ден во декември

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: One day in December | Бр. на страни: 360 | Димензии: 21 | Корица: мека
Извадок:

Лори е речиси сигурна дека љубовта на прв поглед постои само во филмовите.

Но, еден снежен ден во декември, низ замаглениот прозорец на автобусот ќе здогледа еден младич и во моментот кога ќе им се сретнат погледите, нејзиното срце ќе затрепери како никогаш претходно… и… тогаш автобусот тргнува од постојката.

Убедена дека судбината повторно ќе ги спои, таа цела година се обидува да го најде на улиците, автобуските постојки и по лондонските барови и кафулиња. Но, не го пронаоѓа.

Со скршено срце, таа одлучува да го заборави тој магичен момент и да продолжи во животот.

Ама, законите на љубовта, тешко може да се разберат и да се следат, а судбината понекогаш создава испреплетени патеки по кои се движиме и кои не можеме да ги промениме.

„Џози Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чии што ликови се поистоветуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате.“
Џил Сантиполо

„Подгответе се да бидете вовлечени во виорот на оваа романса. Апсолутно ме воодушеви.“
Рис Витерспун

„Возбудлива и неизвесна љубовна приказна која нема да Ве остави рамнодушни и ќе Ви го држи вниманието до самиот крај.“
Маријана Киз

Цена: 430 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Еден ден во декември

Категории: ,
ИСБН: 978-608-253-140-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Еден ден во декември”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in