Еднаш и Тогаш

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Once. Then. | Бр. на страни: 330 | Димензии: 21 | Корица: /

„Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да ги спаси своите родители Евреи од нацистите во окупирана Полска за време на Втора светска војна. Сите заслужуваат да имаат нешто добро во животот. Барем еднаш. „Еднаш побегнав од сиропиталиште за да ги најдам мама и тато. Еднаш спасив девојче по име Зелда од запалена куќа. Еднаш насмеав нацист. Се викам Феликс. Ова е мојата приказна“. Тоа е доброто кај приказните. Секогаш постои шанса да се остварат. Феликс е среќен. За разлика од другите деца во сиропиталиштето, тој е сигурен дека неговите родители ќе се вратат по него еден ден. И без разлика колку нацистите ги палат книгите, благодарение на имагинацијата на Феликс, тој и неговите другари имаат безброј приказни – приказни кои ги штитат кога бегаат, кога се кријат од насилството и лудилото што владее насекаде околу нив, кои им даваат надеж кога се чини дека сè е изгубено и кои еден ден можеби дури и ќе му го спасат животот на Феликс. „Еднаш“ и „Тогаш“ се две книги издадени во споено „омнибус“ издание.

Цена: 450 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Еднаш и Тогаш

Категории: ,
ИСБН: 978-608-260-041-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Еднаш и Тогаш”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in