Електрични кола

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Electric circuits | Бр. на страни: 816 | Димензии: 207х280 | Корица: /

Деветтото издание на Електрични кола претставува планирана ревизија дизајнирана за зголемено подобрување на оваа воведна книга за кола која се употребува од повеќе од 700000 студенти низ цел свет во изминатите 28 години. Иако оваа книга еволуираше низ годините за да го задоволи изменетиот начин на учење на студентите, основните цели на книгата останаа неизменети. Тие цели се:

• Да изградиме разбирање на концептите и идеите експлицитно преку претходно наученото. Студентите се цело време предизвикани од потребата да поставуваат нови концепти врз претходните со кои можеби сè уште се борат. Во оваа книга се фокусираме на тоа да им помогнеме на студентите да разберат како новите концепти се поврзани и како се потпираат на претходно претставените концепти.

• Да го потенцираме односот помеѓу концепциското сфаќање и пристапите за решавање на проблемите. Развојот на вештините за решавање проблем продолжува да претставува централен предизвик во курсот за кола од прва година. Во оваа книга вклучуваме бројни примери кои претставуваат техники за решавање проблеми, проследени со оценувани прашања кои им овозможуваат на студентите да го проверат нивното владеење со воведениот материјал и техниките. Процесот за решавање проблеми кој го прикажуваме е заснован на концепти, а не на употреба на механички процедури. Така ги охрабруваме студентите да размислуваат за проблемот пред да се обидат да го решат. 

• Да им обезбедиме на студентите јака основа за инженерската пракса. Во курсот за кола од прва година има ограничени можности за запознавање на студентите со реалните инженерски искуства.

Цена: 2500 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Електрични кола

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-790-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Електрични кола”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in