Електрични машини

Автор: A.E. Fitzgerald
Издавач: Датапонс | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Electric Machinery 6th ed. | Бр. на страни: 708 | Димензии: 185х230 | Корица: /

Новото, шесто издание на Електрични машини е значително преработено, но притоа главниот приоритет е задржан на основните принципи и физичкото разбирање кое е карактеристична црта на овој класичен учебник. Текстот треба да послужи како вовед во електричните машини и електромеханиката и е проширен со цел вклучување на енергетската електроника кон управувањето на машините. Учебникот е соодветен за користење при курсеви од напредни додипломски, како и воведни магистерски студии. Основни одлики на оваа книга: • Во секоја глава се вклучени квантитативни примери за илустрирање на важните концепти. Практичните задачи со решенијата се придружени кон примерите за дополнително утврдување на материјалот. Овие одлики се јасно нагласени во текстот за да се олесни нивното препознавање и од страна на предавачите и од страна на студентите. • Новата глава од енергетска електроника ги воведува основните компоненти од енергетската електроника како и карактеристичните конфигурации на колата од исправувачите и инверторите што се среќаваат во современите моторни погони. • Додадена е исто така и една глава за регулација на брзината и моментот на моторите за еднонасочна и за наизменична струја. Оваа глава ги воведува основните концепти на моторните погони за машини на еднонасочна и наизменична струја и вклучува дискусија за техниката на векторско управување на полето, како мошне користено во современите погонски системи. • Главата за едно- и двофазни мотори сега вклучува општа аналитичка формулација за несиметричните двофазни асинхрони машини.Оваа формулација потоа е применета кон општ случај на еднофазен асинхрон мотор кој работи со главна и помошна намотка. Ова формулација е единствена за учебникот Електрични машини и не се среќава во други учебници. • Популарниот интерактивен компјутерски софтвер MATLAB е вклучен во новово издание и во примерите и во практичните задачи. Дополнително, во завршните задачи од секоја глава се додадени задачи за кои е потребен MATLAB. За задачите за кои се бара MATLAB, искористена е посебна карактеристична икона.

Цена: 1410 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач ДАТАПОНС

Report an abuse for product Електрични машини

Категории: ,
ИСБН: 9786082220697

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Електрични машини”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in