Фондација и империја

Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Foundation | Бр. на страни: 321 | Димензии: 20 | Корица: /

Разоткривајќи се во заднината на распаднатата Галактичка Империја, приказната за Хари Селдон продолжува во вториот дел на Фондација, најдобрата епопеја во научната фантастика на сите времиња. Предводена од основачот, психоисторичарот Хари Селдон и уживајќи во придобивките од напредната наука и технологија, Фондација успева да ги преживее алчноста и нападите на соседните воинствени планети. Меѓутоа сега мора да се соочи со Империјата, која сè уште е најмоќната сила во Галаксијата, и покрај тоа што се наоѓа пред пропаст. Кога еден амбициозен генерал одлучен да ја врати славата на Империјата ќе ја насочи огромната Империска флота кон Фондација, единствената надеж на малата планета населена со научници се наоѓа во пророштвата на Хари Селдон. Но дури ни славниот психоисторичар не можел да го предвиди раѓањето на неверојатното суштество од мутирана интелигенција со моќ поголема од десетина борбени флоти... моќ што може да го претвори дури и човекот со најсилна волја во послушен роб. Возбудлива приказна за вечната борба за моќ, среде хаосот на ѕвездите во кој човекот стои на прагот на еден нов, просветлен живот.

Цена: 380 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Фондација и империја

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4892-31-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Фондација и империја”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in