Преглед на кошничка “Случките на капетан Гашник 4” e додадена во Вашата кошничката

Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: František z kaštanu, Anežka z slunečnic | Бр. на страни: 64 | Димензии: 190x160 | Корица: мека

Ретко кој ја сака есента. Во градовите жолта магла, смог и кисел дожд, во шумите суров студ, а на голите полиња – влажна земја. Токму во такво сурово невреме во шипкова грмушка се среќаваат двајца мали кревки бездомници… Приказната за Франтишек од костенот и Анежка од сончогледите е расказ за средба и за долго патување, кое на крајот е поважно од тоа до каде, всушност, треба да стигнеме. Патот станува поважен од целта. Со прекрасен јазик талентираниот поет Радек Мали (добитник на Магнезија литера за поезија во 2006 година) ги составува сликите на својата есен, која на крајот нè намамува, па можеби затоа одиме да собираме паднати костени во главната алеја во паркот… Галина Миклинова е илустратор, режисер и цртач на многубројни анимирани филмови, наградувани дома и во странство. Прочуена е по своите весели цртежи, во кои очекуваната одмерена разиграност се претвора во незадржлива желба за правење палавости, кои од љубов ќе им ги простите на двајцата јунаци.

Цена: 300 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-11-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in