Генетика на фитнес и физичка изведба

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Genetics of fi tness and physical performance | Бр. на страни: 408 | Димензии: 150х220 | Корица: /

„Генетика на фитнес и физичка изведба“ е првата детална референција за

влијанието што го имаат гените врз индивидуалните разлики во фитнесот и во

изведбата.

Оваа важна збирка ги прикажува доказите собирани веќе 25 години за

генетската основа на фенотиповите на фитнесот поврзани со здравјето и

изведбата. Фокусирајќи се на интересите на спортските научници, авторите даваат

увид во важноста на ова истражување речиси во секој аспект од испитувањето на

човечката физичка активност.

Книгата ја претставува биолошката основа на наследувањето и ги објаснува

концептите и методите на генетската епидемиолошка и молекуларна биологија

што се неопходни за да се сфати ова специјализирано поле. Обрнувајќи

внимание на брзите напредоци во молекуларната биологија и новите

парадигми на човечката генетика, оваа книга ви помага подобро да ги сфатите

артериосклерозата, неинсулинскиот зависен дијабетес, прекумерната телесна

тежина и хипертензијата од генетска гледна точка.

Авторите ги разгледуваат доказите за улогата што ја имаат гените во човечките

карактеристики, бидејќи спаѓаат во научното поле на вежбањето. Исто така ги

испитуваат научните, практичните и етичките прашања со кои се соочуваат

научниците за вежбање, тековно со напредокот што се обележува во ова поле.

„Генетика на фитнес и физичка изведба“ е многу важна за студенти од полето

на вежбањето и спортската наука со цел да сфатат како новите откритија во

генетиката можат да го обликуваат нивното натамошно истражување.

Цена: 1490 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Генетика на фитнес и физичка изведба

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-000-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Генетика на фитнес и физичка изведба”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in