Го сакам Лондон

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: I heart London | Бр. на страни: 337 | Димензии: 21х13 | Корица: мека

Купете ја книгата пред сите други - една недела во претпродажба со 10% попуст само преку Купикнига.мк.

Домот е таму каде што е и срцето. Така? 

Анџела Кларк е апсолутно вљубена во Америка, а се чини дека и Америка конечно почнува да ја засакува неа. И покрај тоа што нејзиниот вистински дом е Лондон, и покрај тоа што во Њујорк таа помина низ куп бурни авантури со нејзиното момче, со неуспешното наоѓање работа и со истекувањето на нејзината виза, работите конечно тргнуваат на добро за неа во најубавиот град на светот. Работата од соништата ѝ е речиси во рака, свршеничкиот прстен од момчето од нејзините соништа ѝ е на рака и сѐ е одлично. 

Само што... таа сега нема избор, освен да се врати во Лондон. А таа идеја ја вади од памет и покрај тоа што се работи само за неколку дена. Зошто? Па таму е нејзиниот поранешен свршеник Марк, типот од кој побегна кога замина во Њујорк. И таму е нејзината најдобра пријателка од детството со своето ново страшно бебе. И мајка ѝ која сѐ уште ѝ зборува како да има петнаесет години. Помеѓу другото, се шушка и за свадба. А сите ние многу добро знаеме каква среќа имаше Анџела со минатите свадби. 

Во оваа последна книга ќе се сретнете речиси со сите ликови кои се појавија во серијалот - приказната завршува за сите нив. Анџела, Алекс, Џени, Сади, Џејмс, Грахам, Грег, Луиза, Тим, Марк, родителите на Анџела и многу други. А каде што има многу ликови, таму мора да има голема збрка. Добро, Анџела не е Анџела ако не направи голема збрка и ако не ја заврши приказната во свој стил. 

Крајот на серијалот „Го сакам...“ - книгата Го сакам Лондон е вистинска цреша на шлагот.
Рангирано 4.6666666666667 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(3 оценки на корисници)

Цена: 380 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Го сакам Лондон

Категорија:
ИСБН: 978-608-4672-12-8

3 оценки за Го сакам Лондон

  1. Rated 4 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Skoro voobicaena i ocekuvana sudbina na edna devojka vo denesno vreme P.S….sakam da dobijam i jas ednas kniga, pa makar koj i da bilo naslov ke go procitam…

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Добар завршеток на серијалот.

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in