Го сакам Њујорк

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 317 | Димензии: 21x13 | Корица: мека

Да претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка. Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот. И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли... А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!! Она што требаше да биде семеен автомобил за вас двајца и вашите деца! Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врескате на цел глас! ИЛИ... едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов - ЊУЈОРК! Има ли подобро место на целиот свет?! И тоа едноставно се случува... Анџела скокнува на првиот лет за земја во која луѓето разбираат англиски и едноставно бега!Не знае што ја чека, не е свесна што прави, единствено нешто што знае е дека не може да остане повеќе таму. Ах да, и пред да побегне, во бес и паника, не сакајќи му го крши прстот на младоженецот или можеби цела рака... Но кој може да ја обвини?! Запознајте ја Анџела Кларк! Девојка која учи повторно да го живее животот, да стане некој нов. Девојката која последните 10 години од животот ги поминала само со еден човек, а сега наеднаш таа флертува, излегува со други луѓе и повторно се заљубува иако мисли дека тоа е невозможно! Воедно, запознајте ја Линдзи Келк, нова, но исклучително забавна и талентирана авторка! „Го сакам...“ треската на Линдзи веќе зафати многу земји од светот, а сега доаѓа и кај нас. Тоа е новата и помлада Кинсела!
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(5 оценки на корисници)

Цена: 390 ден

14 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Го сакам Њујорк

Категорија:
ИСБН: 978-608-65234-0-4

5 оценки за Го сакам Њујорк

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Ilinka Cekova (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Sandra Miceva (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    elena lazovska (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in