Игра на знаења (вклучени карти со активности 2)
Автор:
Повеќе автори
Издавач:
Светот на Биби |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Игра на знаења (вклучени карти со активности 2) |
Бр. на страни:
/ |
Димензии:
298x202x40 mm
|
Корица:
тврда
Првата македонска фамилијарна „Игра на знаења“ од „Светот на Биби“ е одлична можност за оттргнување на децата од екраните, за радост на сите во семејство, меѓу другарите и пријателите. Со вклучени карти со активности 2. Во „Игра на знаења“ учествуваат од 2 до 4 играчи, а се игра со коцка, карти и со фигурите Биби, Боби, Зази и самовилата Луна.Играчите фрлаат коцка за да одредат кој ќе почне прв. Почнува оној што ќе добие најголем број. Секој играч почнува од полето ПОЧЕТОК, каде што ја става својата фигура. Потоа ја фрла коцката и се движи онолку полиња колку што покажува бројката. Откако ќе застане на одредено поле, играчот треба да извлече карта со соодветната боја (на пример, црвена, доколку застане на црвено поле). Секоја карта бара од играчот да изврши одредена задача: да одговори на одредено прашање или да изврши одредена активност. Доколку играчот не знае да одговори некое прашање, мора да паузира еден круг! Ако, пак, застане на поле на кое има некој лик, треба да ги следи инструкциите што ги дава ликот (на пример, доколку застане на поле каде што се наоѓа ВЕШТЕРКАТА, играчот ќе мора да се врати на почетокот на играта!)
Оценки
Сѐ уште нема оценки.