Преглед на кошничка “Женски разговори” e додадена во Вашата кошничката

Илегален Парнас

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Илегални Парнас | Бр. на страни: 153 | Димензии: 195x125 | Корица: мека

Главниот јунак на романот, провинциски архитект кому локалните безделничари му го даваат подбивниот прекар Курвазје, се обидува во родниот град М. да го изгради Парнас – комплекс градби сочинет од копии на делата на славниот архитект Ле Корбизје – културен центар каде што уметниците треба да се собираат и да работат на своите дела. Многу бргу се соочува со арогантноста на локалните политичари, заткулисните дејства на тајкуните и цела низа опструкции, типични за една темелно девастирана средина. Препуштен сам на себе и на својот идеализам, младиот архитект се обидува да го доврши своето животно дело, да го изгради она за што отсекогаш сонувал. Не сфаќајќи колку неговиот потфат е неостварлив, сместен во затворска ќелија, Курвазје запаѓа во сомнабулна состојба каде што се мешаат јавето и сонот, а неговиот свет сѐ повеќе станува фантазмагоричен и сеништен. Бојан Бабиќ (Белград, 1977 г.) досега објавил девет книги поезија, кратки раскази и подолги прозни форми. За омнибус-романот „Девојчиња, бидете добри“ е награден со стипендија на „Фондот Борислав Пекиќ“. Израснал во Младеновац. Живее и работи во Земун.

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Илегален Парнас

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-63-4

Questions and Answers

You are not logged in