Илузии

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Illusions : the adventures of a reluctant messiah | Бр. на страни: 120 | Димензии: 20 | Корица: /

Во воздушниот простор меѓу полињата со пченка во Илиноис и сината бесконечност, еден маж одлучува да му верува на пропелерот на својот двокрилец. За разочараниот писател и пилот Ричард Бах вербата е вистинска колку и полниот резервоар и искрите кои ги испуштаат цилиндрите... сè додека не го запознае Доналд Шимода – поранешен механичар и таканаречен месија, кој умее да ги натера клучевите да летаат и кој ја распламтува Ричардовата имагинација... Во Илузии Ричард Бах лета со својот двокрилец обидувајќи се да ги одгатне безвременските вистини што им даваат крилја на нашите души: дека на луѓето не им се потребни авиони за да летаат; дека и зад најцрните облаци блеска светлина штом ќе успееме да се издигнеме над нив; дека луѓето може да ги најдат месиите на најнеочекувани места – на пример, во полињата со сено, во малите гратчиња и, пред сè, во самите себе. Дали е лесно да се биде месија во современиот свет? Дали во секого од нас не се крие неразбуден духовен учител? Дали веќе го имаме сето знаење што ни е потребно, и на кое треба само да се потсетиме? Ричард Бах поттикнува милиони читатели да се замислат над овие прашања.

Цена: 250 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Илузии

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-690-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Илузии”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in