Империјата

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 349 | Димензии: 200x130 | Корица: /

„Империјата“, култното дело од Ришард Капушќињски – легендата на полската и светската репортажа. Познат како „човекот надарен со апсолутно чувство за информација, атмосфера и настани“. Репортажа за мрачната страна на Русија и поранешниот СССР. Книгата којашто едноставно никого не остава рамнодушен!

 

„По улиците на Магадан се оди по високи ходници ископани во снегот. Тесно е, при разминување треба да се подзастане и да се пропушти другиот човек. Понекогаш ми се случува така да застанам очи в очи со некој постар човек. Секогаш, секогаш во главата ми се наметнува прашањето: А вие што сте биле? Џелат или жртва? […]

И зошто тоа ме интригира и трогнува? Зошто не умеам да го погледнам тој човек обично, без таа неподнослива и наметлива љубопитност? Сепак, кога би собрал храброст да му го поставам тоа прашање, а тој би изреагирал искрено, би можел да добијам ваков одговор: Па, видете, пред себе имате и џелат, и жртва.

И во тоа беше одликата на сталинизмот – дека во многу случаи нема начин да се одвојат тие две улоги. Нај­првин некој тепал како иследник, потоа лежел во затвор и бил тепан, по извршувањето на казната излегувал и се одмаздувал, итн. Тоа бил свет на затворен круг, од кој имало само еден излез – смртта. Тоа била кошмарна игра, во која сите загубиле.“

Ришард Капушќињски

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 400 ден 340 ден

16 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Империјата

Категорија:
ИСБН: 978-­608-4­718-­16-­1

1 оценка за Империјата

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in