Иновација до корен

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Innovation to the core | Бр. на страни: 358 | Димензии: 140 x 205 | Корица: /
Извадок:

Еднаш на секои десет години се појавува бизнис книга која од корен го менува начинот на размислување и работење на компаниите во светот!Некои компании, како Елп (Apple) или Гугл (Google) изгледаат како да се родиле иновативни. Но што ако вашата организација е многу подобра во спроведување, отколку во иновирање? Што треба да сторите за навистина да ви се случи иновација?Базирајќи се на стратегиите и искуствата на гуруто Гери Хамел, „Иновација до корен” претставува долгоочекуван водич кој ќе ви покаже како да ја претворите иновацијата од помодарски збор во клучна компетентност на вашата организација.Питер Скарзински и Роуан Гибсон извлекле мноштво примери од разновидни групи на компании - како на пример, Генерал Електрик , Проктер и Гембл, Нокиа, ИБМ, и многу други - за да обезбедат нацрт-план за подобрување на начинот на иновација на вашата компанија.Авторите објаснуваат дека иновацијата мора да стане составен дел на ДНК на вашата компанија. Всушност, вие треба да изградите и развиете длабока способност, затоа што иновацијата е исто толку значајна за вашата организација, колку и останатите претприемачки иницијативи, како на пример, Управување со Севкупниот Квалитет (Total Quality Management), слабо производство или шест Сигма. Тоа претставува тежок предизвик за секоја организација, меѓутоа може да се оствари. И со помош на практичниот, дисциплински пристап, скициран во оваа книга, и Вие и вашата компанија можете да го остварите тоа.Книгата обезбедува едноставни конструкции, листи на чекор по чекор активности и други практични помагала за да ви помогнат вам и на вашите колеги иновацијата да ја претворите во реалност. Ќе научите како да создадете културна средина во која се можни секакви пробиви. Ќе откриете како систематски да создавате нови спознанија и да вклучувате многу умови - и внатре и надвор од вашата компанија - во процесот на создавање на идеи. Ќе откриете како ризиците кои произлегуваат од новите можности да ги сведете на минимум и да ја максимизирате добивката од иновациите. И најзначајно од сè, ќе научите како потребните системи и процеси да ги поставите на вистинско место, за да ја внесете иновацијата во сржта на вашата организација.Градењето на профитабилна и одржлива способност за иновација претставува клучна работа за тековниот успех на секоја компанија. „Иновација до корен” обезбедува патоказ за внесување иновацијата во крвотокот на вашата организација, со што таа ќе стане нешто што се случува постојано и насекаде.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 500 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Иновација до корен

Категорија:
ИСБН: 978-9989-187-75-9

1 оценка за Иновација до корен

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in