Историјата и ние

Издавач: Алманах | Јазик: македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Tarihimiz ve Biz | Бр. на страни: 246 | Димензии: 21х13,5 | Корица: мека

Историјата и ние е книга составена од предавања на познатиот турски историчар и еден од најкомпетентните светски истражувачи на историјата на османлиската држава Илбер Ортајли, во која тој на разни интересни теми се осврнува на односот на поединецот и општеството кон сопственото минато. Иако во најголем дел темите се однесуваат на турскиот човек и на Турција како наследник на Османлиската Империја, речиси сите балкански народи, вклучително и ние, ќе се најдеме под лупата на ова препрочитување на заедничката историја.

Во ова дело Илбер Ортајли го допира и вечниот проблем на односите помеѓу Истокот и Западот, кои се генерално одбележени со конфронтација помеѓу исламот и христијанството, со наследените спорења помеѓу православието и католицизмот, но и со глобалниот судир помеѓу источната и западната цивилизација, чии застапници и огорчени бранители се Османлиската и Римската Империја.

За да ги објасни овие цивилизациски недоразбирања, Ортајли ја расветлува и заблудата околу Крстоносните војни, кои под превезот на ослободување на Христовиот гроб биле насочени против медитеранската култура и медитеранскиот концепт на соживот. Објаснувајќи го овој инсцениран судир помеѓу двете цивилизации, Ортајли ги објаснува и сегашните недоразбирања на релацијата Европска Унија и народите и етникумите од некогашната Османлиска Империја, но и некогашна и сегашна Русија, кои се дефакто физички жители на Европа, но не можат да станат членки на Унијата заради нивните „хипотеки“ од историјата.

Цена: 330 ден

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Историјата и ние

Категорија:
ИСБН: 978-608-4794-23-3

Questions and Answers

You are not logged in