ЈАС, МАРГАРИТА

Издавач: Прозарт Паблишинг | Јазик: македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: მე, მარგარიტა | Бр. на страни: 236 | Димензии: 129 x 198 mm | Корица: /

“Јас, Маргарита” е книга со раскази за мажи и жени, љубов и омраза, цинизам и надеж – интересна и по тоа што во ниту една приказна не се открива време или место каде и кога се случуваат: или може да се случуваат било каде, или светот е премногу мал за тоа да биде важно.

Приказните се претежно раскажувани од нараторка - интелигентна, разочарана жена која не бира зборови за да ја пренесе несовршеноста на нејзиниот живот, нејзините врски, нејзините желби. Сепак, она што може да изгледа обесхрабрувачки е претставено со таков пријатен хумор кој допира до читателот, оставајќи му чувство дека можеби ќе има надеж...; барем за повеќето од нас.

 

Авторката Ана Коржаја Самадшвили е родена во 1968 година. Живее во Тбилиси, Грузија. Работи како писател, преведувач, новинар, а предава литература и креативно пишување на државниот универзитет во Тбилиси. Нејзините експресивни и емоционални приказни за мажите и жените, љубовта и омразата, сексот и разочарувањето се невообичаени и саркастични, но токму тоа им дава посебност.

Цена: 299 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Прозарт Медиа

Report an abuse for product ЈАС, МАРГАРИТА

Категории: ,
ИСБН: 978-608-256-020-5

Questions and Answers

You are not logged in