Јазични игри 1

Издавач: Просветно дело | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Јазични игри 1 | Бр. на страни: 70 | Димензии: 20 | Корица: тврда

Нашите деца, нашето најголемо богатство, се нашиот најголем предизвик на патот кон нивното осамостојување и оспособување за успешен од по животните врвици. И овој прирачник има интенција да помогне во тој процес на нивното оспособување, конкретно преку следниве основни цели: - спонтано и занимливо поттикнување за користење на говорот како основно средство за воспоставување на нови контакти, изразување на мислите, чувствата и доживувањата; - воведување во слушање со разбирање на говорот на другите; - оспособување за воспоставување на културен однос со луѓето од околината, како и за примена на соодветната јачина на гласот и темпото на говорот во конкретна говорна ситуација. Овој прирачник нуди многу занимливи игри кои може да се применуваат дома, во училиштето, на гости, но и како дел од слободните игри на децата. Бидете и вие учесници или водители на јазичните игри низ кои детето спонтано ќе го применува говорот, а вие ќе бидете неговите коректори, насочувачи и поттикнувачи. Снимените материјали на ЦД-то ќе ви помогнат полесно и поуспешно да ги реализирате поставените цели. Веруваме дека задоволството од постигнатиот успех со вашите деца низ работа со овој прирачник нема да изостане. - Авторите

Цена: 290 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Просветно Дело АД Скопје

Report an abuse for product Јазични игри 1

Категорија:
ИСБН: 978-9989-0-1035-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Јазични игри 1”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in