Јазли ; Бежанци

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Јазли ; Бежанци | Бр. на страни: 106 | Димензии: 21 см | Корица: /

Иницијацијата во македонската книжевност, Петре М. Андреевски ја остварува преку дебитантското дело „Јазли“, со што се закотвува во т.н. трета генерација македонски писатели. Уште во првенчето се препознава неговата творечка постапка што претставува differentia specifica за поетиката на Петре, а тоа е универзализацијата на локалното, нешто што му обезбедува постојана актуелност кај читачите и критичарите.
Последниот, пак, негов незавршен прозен обид – делото „Бежанци“ – преку тегобен натуралистички стил ја обработува темата на егзилот на Егејците за време на Граѓанската војна во Грција, критички осврнувајќи се кон бегството како единствено решение на бегалците-бежанци. За тоа, тој ќе напише: „А какво е нашето задоволство? Да избегаме некаде како глувци. Да се скриеме во некоја темна дупка. А кој знае за поголем срам од овој. Најголема доблест да ти биде да му избегаш некому“.

Цена: 250 ден

19 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Јазли ; Бежанци

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-758-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Јазли ; Бежанци”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in