Јужно од границата, западно од сонцето

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: South of the border, west of the sun | Бр. на страни: 204 | Димензии: 125х195 | Корица: /

Опсесија, носталгија, пасија, посесија: сите мрачни сили на умот се тука. Приказна за пријателството и за љубовта, за илузиите, сенките и сеќавањата од минатото, зачинета со многу надреални елементи на границата помеѓу јавето и сонот, стварноста и привидот. Ликовите се движат на работ од можното, но истовремено и на илузијата и имагинацијата, чекорат по границата на два света кои се допираат и понекогаш интерферираат, кои навлегуваат еден во друг. Најголемата енигма е кога и дали навистина се случува она што се случува, кога илузијата е илузија а кога реалност. Типично во стилот на Мураками, книга за најдлабоките чувства, за моментот кога минатото и сегашноста се допираат и преплетуваат а иднината е неизвесна. Хајиме се бори со судбината која некогаш грубо си поигрува и остава зад себе само каење по пропуштените можности, но и сила да се продолжи понатаму.Човекот може, со самиот факт дека е жив, да уништи друго човечко битие засекогаш. И кога тоа ќе се случи, личноста која ја сторила штетата е исто така, засекогаш повредена.
Рангирано 5.00 од 5 според 8 рејтинзите на корисниците
(8 оценки на корисници)

Цена: 199 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Јужно од границата, западно од сонцето

Категорија:
ИСБН: 9786082300092

8 оценки за Јужно од границата, западно од сонцето

  1. Rated 5 out of 5

    Александар Брашнарски (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Даниела Карастојанова (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Ристо Пејков (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    Tomislav Desoski (верификуван корисник)

  6. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  7. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

    Приказна за љубовта, страста, осаменоста, духовите од минатото… ликовите кои се изградени до ниво на совршенство летаат низ страниците на оваа книга, вреди да се прочита – фантастична како и останатите од Мураками 🙂

  8. Rated 5 out of 5

    lara.cameron@rocketmail.com

    Никоја кратка содржина не ме подготви на она што е всушност книгата. Имав чувство дека потонував во длабока вода и како да гледам виножито составено од различни, нови бои. Уникатна, ликовите се маестрално осмислени, содржината е баш секојдневна но напишана на несекојдневен начин. Прекрасна е, многу емотивна… Ја прочитав пред некој ден, уште сум под импресии и ги слушам песните кои се спомнати во книгата – “The stars crossed lovers”, “South of the border”, “Pretend”.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in