Јужно од границата, западно од сонцето
Автор:
Харуки Мураками
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
South of the border, west of the sun |
Бр. на страни:
204 |
Димензии:
125х195
|
Корица:
/
Опсесија, носталгија, пасија, посесија: сите мрачни сили на умот се тука. Приказна за пријателството и за љубовта, за илузиите, сенките и сеќавањата од минатото, зачинета со многу надреални елементи на границата помеѓу јавето и сонот, стварноста и привидот. Ликовите се движат на работ од можното, но истовремено и на илузијата и имагинацијата, чекорат по границата на два света кои се допираат и понекогаш интерферираат, кои навлегуваат еден во друг. Најголемата енигма е кога и дали навистина се случува она што се случува, кога илузијата е илузија а кога реалност. Типично во стилот на Мураками, книга за најдлабоките чувства, за моментот кога минатото и сегашноста се допираат и преплетуваат а иднината е неизвесна. Хајиме се бори со судбината која некогаш грубо си поигрува и остава зад себе само каење по пропуштените можности, но и сила да се продолжи понатаму.Човекот може, со самиот факт дека е жив, да уништи друго човечко битие засекогаш. И кога тоа ќе се случи, личноста која ја сторила штетата е исто така, засекогаш повредена.
Цена: 199 ден
Распродадено
Извести ме кога производот ќе биде на залиха
Производот е веќе додаден
Пребарај листа на омилени
9 оценки за Јужно од границата, западно од сонцето
Questions and Answers
You are not logged in
Александар Брашнарски (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Даниела Карастојанова (верификуван корисник) –
Ристо Пејков (верификуван корисник) –
Tomislav Desoski (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Слаѓан Бишковски (верификуван корисник) –
Приказна за љубовта, страста, осаменоста, духовите од минатото… ликовите кои се изградени до ниво на совршенство летаат низ страниците на оваа книга, вреди да се прочита – фантастична како и останатите од Мураками 🙂
lara.cameron@rocketmail.com –
Никоја кратка содржина не ме подготви на она што е всушност книгата. Имав чувство дека потонував во длабока вода и како да гледам виножито составено од различни, нови бои. Уникатна, ликовите се маестрално осмислени, содржината е баш секојдневна но напишана на несекојдневен начин. Прекрасна е, многу емотивна… Ја прочитав пред некој ден, уште сум под импресии и ги слушам песните кои се спомнати во книгата – “The stars crossed lovers”, “South of the border”, “Pretend”.
stevovska.katerina@gmail.com –
Книгата што ме внесе во светот на Мураками пред неколку години. Мојот најдобар случаен избор на книга некогаш. <3 South of the border, down Mexico way…