Кафе-муабет со себеси

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Coffee self-talk : 5 minutes a day to start living your magical life | Бр. на страни: 180 | Димензии: 21 | Корица: мека

Уморни сте од едноличното секојдневие без инспирација?
Сакате живот полн со авантури остварувајќи ги своите соништа?

Што ако секојдневно скокате од кревет возбудени и полетно преземате нешто за да ги остварите јасно поставените цели за кои сте мислеле дека се невозможни? Размислете – има ли нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но сте мислеле дека е резервирано само за избраните?

Техниката на кафе-муабет на Кристен Хелмстетер ќе ви овозможи:
- да ги промените навиките
- да стекнете здравје и долговечност
- да бидете прекрасен родител или да најдете совршен партнер
- да постигнете богатство и успех - да живеете со нов сјај во очите.

„Кафе-муабет со себеси“ не дава здодевен список на задолженија, туку забавен и делотворен начин секој ден да се будите насмеани и среќно да впловите во својот нов, неверојатен живот. И сето тоа со само петминутни дневни афирмации и шолја вкусно кафе!

„Моќна, досетлива и инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе. Оваа книга ќе ви го промени животот.“
Кристи Белкамино, најпродавана авторка на „Ју-Ес-Еј тудеј“

Цена: 360 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Кафе-муабет со себеси

Категории: ,
ИСБН: 978-608-230-865-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Кафе-муабет со себеси”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in