Како да ги унапредите своите преговарачки вештини

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 161 | Димензии: 11x17 | Корица: мека

Нашиот образовен систем не учи на сè и сешто – од тоа колку крави има во Швајцарија до тоа колкаво е производството на јаглен во Чиле, само не она што ни е најпотребно во секојдневниот приватен и деловен живот – комуникациските и преговарачките вештини. А тогаш, кога ќе увидиме дека не сме најдобри во тоа, мирно го прифаќаме фактот дека сме од Балканот и дека е тоа така и дека не може поинаку да биде. Најверојатно затоа и досега немало многу книги со оваа тематика на овие простори, книга од наши автори. Оваа книга е чекор напред на наш човек кој во себе носи енергија која може да промени и поединец и општество. Во неа нема агресивност. Преговарањето се претставува како вештина, како витешка карактеристика, со целосно почитување на потребата и желбата на другата страна. Напишана е на современ, разбирлив јазик и јазик полн со лични искуства и доживувања. Немам дилема дека авторот на книгата добро знае за што пишува и дека во тоа е многу добар. Сосема сум сигурна дека и јас во мојата менаџерска работа ќе имам корист од оваа мотивациска книга и дека ќе ги унапредам своите комуникациски вештини, а со самото тоа и деловното работење на својата фирма.

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Како да ги унапредите своите преговарачки вештини

Категорија:
ИСБН: 978-9989-32-732-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Како да ги унапредите своите преговарачки вештини”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in