Како да го заработиш првиот милион

Издавач: Прозарт Паблишинг | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Cum sǎ faci primul milion | Бр. на страни: 376 | Димензии: 20 см | Корица: /

Оваа книга претставува пародија на мотивациските книги од типот „златни совети“. „Како да го заработиш првиот милион“ на Богдан Костин, нѐ внесува во трагикомичниот свет на нашето секојдневие во кој живеат луѓе подложни на гротескни компромиси, свет во кој сè e на продажба. Кога ќе ти се појави добра идеја за брзо збогатување и згора на тоа си млад претприемач, не ти преостанува ништо друго освен идејата да ја спроведеш во пракса. Се откажуваш од добро платената работа во агенцијата за рекламирање и тргнуваш по сопствен пат со единствена цел, да заработиш милион долари. Анонимниот наратор на овој роман, „јунакот на нашите дни“, својата идеја ја спроведува на најцинични и најневообичаени начини, воден од девизата: Смртта продава. Тој ја ползува смртта на луѓето со цел на клиентите да им ги продаде своите продукти, претворајќи болести, самоубиства и предозирања во емотивни приказни кои треба да стигнат до срцата на тие кои, во потрага по сензации, се хранат со шарените страници на списанијата и светлината на телевизискиот екран. Потпомогнат од помошници без никакви скрупули, и употребувајќи еден кршлив и неморален систем, тој успева да си го оствари сонот.

Цена: 350 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Прозарт Медиа

Report an abuse for product Како да го заработиш првиот милион

Категорија:
ИСБН: 978-608-256-044-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Како да го заработиш првиот милион”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in