Преглед на кошничка “Билет во еден правец” e додадена во Вашата кошничката

Ќе се удават во солзите на своите мајки

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: De kommer att drunkna i sina mödrars tårar | Бр. на страни: 276 | Димензии: 195x125 | Корица: /
Извадок:

„Ќе се удават во солзите на своите мајки“ е книга за надежта и за безнадежноста. Дејството е сместено во сегашноста и почнува со хаотичен, страшен терористички напад за време на промоцијата на делото на контроверзен цртач на стрипови во книжарница во Гетеборг. Девојката, која е еден од напаѓачите, чувствува дека умот сака да ѝ каже нешто – дека не треба да е таму каде што се наоѓа, дека не треба да го прави тоа што го прави – и во последен момент прави очаен избор, става крај на сè. Потоа приказната се поместува за две години од тој настан и централен лик е писател, кој, по иницијатива на девојката, ја посетува во психијатриската институција во која таа се наоѓа. Му дава страници испишани со нејзиното видување за тоа што ѝ се случувало и вели дека е од паралелна иднина. Писателот почнува да го истражува настанот и тука, фокусот на романот се префрлува на прикажувањето на можната иднина што го чека западноевропскиот свет, доколку не се справи правилно со исламофобичните тенденции во неговите рамки. „Ќе се удават во солзите на своите мајки“… е текст којшто е длабоко поврзан со времето во кое е создаван, со духот на нашето време. Се работи за многу актуелен роман кој претставува неколку страшни тенденции карактеристични за денешницата: пред сè тенденцијата стравот и омразата да доаѓаат во пакет во нашето време и да раѓаат и потхрануваат тероризам и фашизам. Матијас Хагберг, Göteborgs-Posten

Цена: 350 ден

15 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Ќе се удават во солзите на своите мајки

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-18-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ќе се удават во солзите на своите мајки”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in