Ќерката на Огнениот Император

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: The Flame Emperor’s daughte | Бр. на страни: 56 | Димензии: 24 | Корица: мека

„Македоника литера“, во копродукција со кинескиот издавач „Делфин букс“ од Пекинг, НР Кина, деновиве публикуваше серија со сликовници со кинески народни приказни. Серијата содржи пет познати и репрезентативни кинески класични приказни, и тоа: „Говедарот и Ткајачката“, „Легендата за Неџа“, „Ќерката на Огнениот Император“, „Лотосовиот фенер“ и „Пангу ги создава земјата и небото“. Прераскажани се од Френсис Жерар (Англија), илустрирани се со оригинални илустрации од познати кинески ликовни уметници: Ванг Веиџи, Ли Хаијан и Ју Ѓун. Преводот од англиски јазик е на Дијана Крстевска, Бојана Богдановска, Елена Саздовска и Кристина Стаменова. Сите наслови се целосно илустрирани и целосно печатени во боја.

Произлезени од легенди, басни и фолклор и пренесувани од многу генерации, овие приказни зборуваат за доблестите на смелоста, храброста, добрината, мудроста, понизноста, чесноста и добриот хумор. Преполна со фантастични слики и со раскажани приказни, оваа серија на младите читатели им отвора прозорец во богатото кинеско наследство од три илјади години неверојатна култура.

„Македоника литера“ и досега му посветуваше внимание на публикувањето на народни приказни и легенди, така што веќе има публикувано: „Нордиски народни приказни“, „Шведски народни приказни“ „Руски народни приказни“, „Бугарски народни приказни“, „Корејски народни приказни“ и кинеските историски приказни и легенди „Подемот и падот на кинеските династии“.

Цена: 250 ден 200 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Ќерката на Огнениот Император

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-252-176-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ќерката на Огнениот Император”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in