Кинески народни приказни (комплет)

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Chinese classic tales | Бр. на страни: / | Димензии: 230 x 170 | Корица: мека

Серија со сликовници со кинески народни приказни. Серијата содржи пет познати и репрезентативни кинески класични приказни, и тоа: „Говедарот и Ткајачката“, „Легендата за Неџа“, „Ќерката на Огнениот Император“, „Лотосовиот фенер“ и „Пангу ги создава земјата и небото“. Прераскажани се од Френсис Жерар (Англија), илустрирани се со оригинални илустрации од познати кинески ликовни уметници: Ванг Веиџи, Ли Хаијан и Ју Ѓун.

Сите наслови се целосно илустрирани и целосно печатени во боја.

Произлезени од легенди, басни и фолклор и пренесувани од многу генерации, овие приказни зборуваат за доблестите на смелоста, храброста, добрината, мудроста, понизноста, чесноста и добриот хумор. Преполна со фантастични слики и со раскажани приказни, оваа серија на младите читатели им отвора прозорец во богатото кинеско наследство од три илјади години неверојатна култура.

Цена: 1150 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Кинески народни приказни (комплет)

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-252-xxx-x

Questions and Answers

You are not logged in