Книга за децата

Автор: Ошо .
Издавач: Мартина | Јазик: македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: The book of children. | Бр. на страни: 192 | Димензии: 21x14 | Корица: /

Децата се спонтани и слободни, радосни и палави, природно креативни. Нашата култура е подготвена да го набљудува детството низ розовите очила на носталгијата, но вистина е дека со родителските барања и со вообичаената едукација, природните таленти на децата често се жртвуваат поради боговите на „продуктивноста“ и убавото однесување. Иако многумина од вас на своето детство се сеќаваат со љубов, мал број деца навистина уживаат во своето рано детство. Како што вели Ошо: „Секое дете сака да порасне што порано и што побрзо бидејќи гледа дека возрасните се моќни луѓе, дека можат да прават што сакаат, дека имаат многу пари. Затоа природно е што децата сакаат да пораснат“.
Оваа книга се залага за „ослободување на детето“ и претставува водич за секој возрасен човек, кој размислува да го пронајде патот и да им дозволи на децата да процветаат и да го искористат својот најголем потенцијал. Поглавјата се однесуваат на совети за родителите, малите деца и за тинејџерите, за едукација и за медитација.
Целта на возрасните треба да биде, целосно развивајќи ја свесноста за себе и за светот, повторно да ја разбудат невиноста, креативноста и играта на детето во себе.
 

Цена: 360 ден

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Книга за децата

Категорија:
ИСБН: 978-608-4626-27-5

Questions and Answers

You are not logged in