Конопот во Македонија

Издавач: Купикнига | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Конопот во Македонија | Бр. на страни: 87 | Димензии: 21/16 | Корица: тврда

Ова е прва и единствена моногарфија за Конопот ( cannabis) во Македонија.

Оваа билка се ширела како што се ширело човештвото и се смета дека значително придонела за развојот на човековата цивилизација.

Најстарите материјални докази за можно присуство на конопот на Балканот се откриени во Пиринска Македонија на територија на денешна Бугарија, како и во Романија. Всушност, откритијата во Пиринска Македонија пронајдени во езерото Долгото на Пирин Планина кои датираат од пред 10 200 до 8 500 години се најверојатно првите документирани случаи на присуство на коноп во Европа.

Употребата на коноп во Македонија била многу распространета до првата половина на ХХ век, претежно за облека и храна, но постојат податоци и за негова употреба во обредни цели и за уживање. Повозрасните луѓе паметат дека конопот бил многу полезна билка во минатото. Од почетокот на ХХ век одгледувањето на коноп во Македонија почнува да се намалува поради појавата на други земјоделски култури, индустријализацијата и поради заострувањето на државните политики. Но, од седумдесеттите години на ХХ век се забележуваат нови трендови во Македонија, употреба на конопот претежно за уживање .

Културата на пушење коноп започнува да се развива речиси истовремено во Струмица, во Гевгелија и во Скопје. Клучните луѓе за популаризирање на употребата на конопот заради задоволство доаѓаат од струмичкото село Добрејци. Во тие времиња имало неколку луѓе езотерици кои патувале низ светот и ја носеле таа култура во Македонија. Секако најзначајна личност бил Ристо Божинов од Добрејци кој бил многу харизматичен човек со шамански карактеристики во смисла дека луѓето верувале во него и во неговата магична моќ.

Луѓето кои во овој период почнуваат да употребуваат коноп се сметаат себеси за мирољубиви и добронамерни, а заслугите за дел од овие свои особини му ги припишуваат на конопот. Се смета дека психоактивните својства на конопот придонесуваат за образување на дел од популарната култура. Приврзаниците на употребата на коноп веруваат дека поради неговото психоактивно дејство успеале да ги развијат своите светогледи, а преку тоа да станат подобри како човечки суштества. Уметностите значително придонесуваат за распространување на ваквите верувања. А од почетокот на XXI век употребата на коноп добива нов контекст. Сè повеќе луѓе, во светот и во Македонија, почнуваат да употребуваат масло од коноп поради неговите лековити својства.

Цена: 400 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Конопот во Македонија

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4701-46-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Конопот во Македонија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in