Кралот на Златната Река

Издавач: ТРИМАКС | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: The king of the Golden River | Бр. на страни: 48 | Димензии: 21 см | Корица: /

Долината на Богатството била сопственост на тројцата браќа Шварц, Ханс и Глук. Двајцата браќа Шварц и Ханс се опишани како, цитирам: „многу грди луѓе, со надвиснати веѓи и мали, тапи очи секогаш полузатворени“, просто кажано грди на лик, ама и лоши по душа (не значи дека ако некој не е убав по правило треба да биде и лош, ама браќата од писателот навистина се опишани како лоши луѓе). Најмалиот Глук, дванаесетгодишно момче, бил нивна спротивност – мирно, тивко и послушно момченце кое ги трпи сите нечовечки и груби постапки од браќата и без никаков збор исполнува сè што ќе му наредат. Контрастите провејуваат низ страниците на книгата и пред нас се појавува светлото – кое носи среќа и насмевка (глук, што на германски значи среќа) наспроти темното (шварц, што на германски значи црн), доброто наспроти лошото, добродетелството наспроти алчноста, чесноста наспроти измамата и сè така слика, по слика се редат настаните коишто не нè оставаат рамнодушни. Ако се постави прашањето: што се случи со браќата, со Златната река, со Кралот?, одговорот е во оваа книга, мала по обем, но со голема порака за дарежливоста, ведрината, чистото срце и несебичноста, кои можат сè да победат.

Цена: 130 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач ТРИМАКС

Report an abuse for product Кралот на Златната Река

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-204-284-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Кралот на Златната Река”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in