Крстови од Македонија: од колекцијата на Трифун Костовски

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2005
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 304 | Димензии: 21 см | Корица: /

Приватната колекцијата со крстови од Македонија на Трифун Костовски деновиве е прогласена за национално богатство и ставена под Законот за заштита на спомениците на културата. Како што неофицијално дознаваме, колекцијата на крстови ќе биде предложена за заштита и пред УНЕСКО.
Крстовите под заштита ги стави Градскиот завод за заштита на спомениците, а претходно била направена валоризација на нивната вредност. За валоризација на крстовите оформена е комисија, чии членови и покрај нашите настојувања Во Заводот не сакаа да ни ги кажат.
Колекцијата од крстови на Трифун Костовски е прва и единствена од ваков вид во Македонија. Оваа колекција како што вели д-р Цветан Грозданов ќе придонесе за проучувањето на сите видови крстови од доцноантичко до рановизантиско време, па дури и до доцниот Среден век на територијата на Македонија. Крстовите од Македонија досега се споменуваа само во збирки од други земји и светски музејски колекции, надвор од просторот на кој се создадени.
Колекцијата на крстови од Трифун Костовски брои околу 400 крстови, што датираат од 4. до 19. век создавани и собирани низ целата територија на Македонија.

Цена: 4000 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Крстови од Македонија: од колекцијата на Трифун Костовски

Категорија:
ИСБН: 978-9989-752-06-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Крстови од Македонија: од колекцијата на Трифун Костовски”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in