Лилјакот

Автор: Ју Несбе
Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Flaggermusmannen | Бр. на страни: 335 | Димензии: 21 | Корица: мека

Човечката душа е темна, непрегледна шума, а сите одлуки се носат во самотија.

Прва средба со нескротливиот Хари Хуле, прв роман на Несбе овенчан со најпрестижните скандинавски награди за криминалистички жанр.

За да помогне во истрагата на ѕверското убиство на една млада Норвежанка, Хари Хуле заминува службено во Сиднеј. Локалниот полициски шеф го советува да не се меша премногу, но Хари набрзо се спријателува со одговорниот детектив и со една девојка од сведоците. Со својот изострен инстинкт, тој согледува врски и траги што им се измолкнуваат на другите, а неговите сомнителни методи го претвораат во главен двигател на истрагата. Наскоро откриваат дека се работи за низа убиства на психопат што ја плете својата мрежа низ Австралија. Додека му се приближуваат, расте стравот дека никој не е безбеден, а најмалку истражителите на злосторствата.

Проникнувајќи во локалните митови и легенди, Хари Хуле успева да наѕре кој се крие зад лилјакот, абориџинскиот симбол на смртта...

„Чудесна средба со младиот, разговорлив Хари... Несбе е одличен автор кој со одмерено темпо го води дејството кон врвот, пред да ве струполи во сосем неочекуван расплет.“
Скотиш експрес

Цена: 500 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Лилјакот

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-230-873-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Лилјакот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in