Лисицата трговец

Автор: Шен Шиси
Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: The trader fox / Shen Shixi | Бр. на страни: 210 | Димензии: 9 | Корица: /

Збирката „Лисицата трговец“ е составена од седум раскази во коишто се прикажани диви, но и домашни животни. Самиот наратив е напишан во лесно читлива форма и содржи многу информации за однесувањето на животните и нивната емоционална интелигенција; во него се прави паралела меѓу однесувањето на луѓето и животните и се отвораат морални и еколошки прашања, прашања за потребната одговорност и меѓусебното помагање. Во книгата се прикажани различни карактери на различни животни. Тие имаат и различни чувства; и чувства за љубов и чувства за грижа и одговорност. Нивните карактери и меѓусебни односи се одраз на човековите карактери и односи. Во ова книга има сурови, но и топли и трогателни приказни. Во предговорот на кинескиот издавач на изданието на кинески јазик за книгата е напишано: „Животните што се прикажани во оваа емотивна збирка имаат длабоки емоции. Не само што ја разбираат љубовта, туку имаат и необјасниво чувство за одговорност и се способни таа одговорност да ја понесат на своите раменици. Како и во животот, застапени се и оние кои поседуваат многу полоши карактеристики. Тука се и оние кои се користољубиви, измамници, арогантни и злобни, дури и во царството на животните. Без разлика за кои видови станува збор, овие животни и нивните приказни нè потсетуваат на човештвото како целина и ни овозможуваат да се преиспитаме за тоа какви се нашите ставови и нашето однесување спрема животните и природата.“

Цена: 150 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Лисицата трговец

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-118-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Лисицата трговец”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in